Нашиот современ магацински простор од 1200 м2 на ул. Миодраг Илиќ бр.1Б, Скопје – Гази Баба обезбедува модерно, професионално складирање на пратките и нивно сортирање. Наша продолжена рака се 23-те пункта низ територијата на Република Македонија.
Во тек сме со технологијата, користиме напреден систем за управување преку кој се управува со манипулацијата на пратките во магацините. Овој систем е поврзан со приемот на пратките, сместувањето, преместувањето, пикирањето и испораката на пратките. Со користењето на овој систем се зголемува ефикасноста и се елиминираат можностите за грешки, исто така бидејќи користиме централизиран систем кој работи на единствена база на добро структуирани логистички податоци се обезбедува зголемена ефикасност и побрзо време на извршување на операциите во магацинот.