Нашите клиенти секогаш уживаат професионалност, ефикасност и непречена соработка со целата компанија, која е составена од искусни и амбициозни луѓе. Ние сме тим од преку 60 вработени кои Ви нудат беспрекорна квалитетна и навремна достава на Вашите пратаки низ целата територија на Република Македонија.
Сигурна и навремена достава на секаков вид пратки на територија на Македонија.
Препорачани писма со повратница и достава до поштенско сандаче.
Професионална и загарантирано сигурна лична достава на сензитивни документи.
Точноста на куририте и квалитетот на нашата заедничка работа овозможува навремена достава и задоволни клиенти.
Користиме напреден софтвер преку кој вршиме импорт на пратки како и следење на нивниот статус на достава.
Брза и ефикасна комуникација со нашите ценети клиенти. Нашите оператори се спремни да одговорат на секое ваше барање.
Со цел намалување на загаденоста на територија на Градот Скопје вршиме достава со електрични возила и скутери.
Колпортер Пост Ви нуди модерен и професионален магацин за складирање и достава на Вашите пратки.
Примателите на пратка се известуваат за статусот и позицијата на пратка при процесот на достава.
Нашиот современ магацински простор од 1200 м2 на ул. Ѓорѓи Колозов бр.134, Скопје, општина Гази Баба, поранешна ул. 1632, во близина на Кванташки пазар, населба Маџари, обезбедува модерно, професионално складирање на пратките и нивно сортирање. Наша продолжена рака се 21-от пункт низ територијата на Република Македонија и ние постојано и континуирано растеме насекаде низ земјава.
Во тек сме со технологијата, користиме напреден систем за управување преку кој се управува со манипулацијата на пратките во магацините. Овој систем е поврзан со приемот на пратките, сместувањето, преместувањето, пикирањето и испораката на пратките.
Со користењето на овој систем се зголемува ефикасноста и се елиминираат можностите за грешки, исто така бидејќи користиме централизиран систем кој работи на единствена база на добро структуирани логистички податоци се обезбедува зголемена ефикасност и побрзо време на извршување на операциите во магацинот.
Колпортер Пост Македонија е основана во 2015 година, со цел брза, едноставна и навремена достава на секаков вид на пратки на територијата на Република Македонија.
Водени од сèвкупниот ентузијазам и посветеност на нашите вработени, во изминатиот период станавме успешна приказна преку одлична соработка со бројни реномирани компании.