Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:
Оглас бр.012 – “Дата центар – Влез на пратки” – Реон Скопје
Опис на работната позиција:
¤ Преглед на пристигната тековна роба.
¤ Водење евиденција при прием на тековна роба.
¤ Евидентирање на сите влезни тековни пратки и писма во нашиот систем.
¤ Почеток на работно време 16:00 или 17:00 часот.
Потребно образование, работно искуство и квалификации:
¤ Средно стручно образование
¤ Високо ниво на одговорност и концентрација
¤ Упорност, истрајност и совесност во работењето
¤ Познавање на англиски јазик
¤ Познавање на работа со компјутери
¤ Способност за индивидуална и тимска работа
¤ Способност за работа под притисок
¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство
Ние нудиме:
¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
¤ Континуирана обука од страна на компанијата
¤ Одлична плата
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005.
Ве очекуваме!
Ваш Пост Експрес!