Стефан Трендафилов – главен контролор: Навремената достава е клучна работа во Пост Експрес, затоа е потребен тим кој соработува меѓусебе!

Како еден од оние со најмногу стаж и како еден од лицата со поодговорна функција во нашата компанија, денес Ви го претставуваме Стефан Трендафилов.

Стефан е одговорно лице, главен контролор за куририте на реон Скопје во Пост Експрес, па со помош на неговото искуство ќе Ве водиме низ овој дел од работата во нашата пошта. Тој ќе ни каже што значи улогата доставувач и колку брзината и точноста се главни темели и фактори за извршување на оваа работна позиција.

Започна како доставувач во Пост Експрес, а сега си одговорен/контролор за сите доставувачи во Скопје. Како се прилагоди при смената на овие две улоги?

Да, започнав во Пост Експрес како доставувач и скоро 4-ри години бев дел од тимот на дставувачи за Скопје, каде бев задолжен за реон – Центар. Поради моето долгогодишно искуство и добро познавање на обврските, како и одговорноста и посветеноста која ја вложив овие години станав одговорно лице за доставувачите во скопскиот реон. Прилгодувањето од една кон друга работна позиција се одвиваше постепено и етапно, со самоиницијативно интересирање за целокупното функционирање на поштата како и процесот на организирање на доставата во рамките на град Cкопје. Она што се трудев да да го практикувам во работата додека бев доставувач,се обидувам да го пренесам на секој нов вработен за полесно совладување на обврските во текот на работењето.

Што те привлекуваше да започнеш како доставувач, а што е она што ти се допаѓа на моменталната позиција?

Динамичноста во работата, комуникацијата со различни луѓе, задоволните клиенти беа и се се’ уште она што ме задржува во оваа компанија. Секојдневните ситуации, решавањето на различните тековни проблеми и бенефитот од работењето е она што ме исполнува на моментална работната позиција.

Што е тоа што Пост Експрес го цени кај еден добар доставувач и што им нуди на оние кои се заинтересирани за оваа професија?

Пост Експрес како компанија вложува време и средства за професионално усовршување на вработените со работна функција како доставувачи и она што се цени пред се, се ефикасноста, колегијалноста и искреноста на вработените. Како компанија која опстојува на пазарот за поштенски услуги на сите нови и постоечки вработени им се овозможува пријатна работна атмосфера, соодветни работни услови како и соодветни месечни примања како резултат на сработеното.

Која е тајната на успешна достава? Што Вие би ги советувале вработените за браза достава?

Нема тајна, тоа е сколп на вештини. Секој што сака да биде доставувач, пред се потребно е да ја има желбата да работи во динамична средина, да биде одговорен и организран во извршување на работните задачи. Да умее да работи под притисок. Нашата компанија постојано расте и работните обврски се зголемуваат, а да се остане смирен и сталожен во брзото темпо е од голема важност, бидејќи само така може да бидеш исполнителен кога си на терен. Навремената достава е клучна работа во Пост Експрес, а за да се постигне тоа, потребен е тим кој сака да соработува меѓусебе, кој се залага за другиот. Кога еден доставувач има проблем на својот терен секогаш се тука неговите колеги да помогнат, колегијалност е дел од нашата работа.

Со оглед на вашето образование како се најдовте себеси во компанија која примарно се бави со логоистика?

Тоа е интересен пресврт во мојот живот. Да, имам завршено на Економски Факултет во Скопје. Поради моето образование во Пост Експрес најпрвин имав аплицирано за работната позиција маркетинг агент. На самите почетоците како маркетинг агент, еден ден имав прилика да бидам на терен со еден од колегите кои доставуваа, а со тоа и да го запознам нивниот работен ангажман. Од тој ден идеата да бидам на биро, затворен во канцеларија ми создадава терет и тешкотија, поради природата на мојот карактер. Во договор со управниот оддел ми направија промена на работното место. Сега слободата и динамиката која ја добивам додека сум во возилото за достава многу повеќе ме исполнува. Да бидеш дел од логистиката на поштата си носи големи предизвици, но јас сум човек кој сака брзо секојдневие, човек кој е подготвен за акција и поради тоа бирам ваков тип на работни позиции. Поради моето искуство ве уверувам дека Пост Експрес нуди можност на секој кој сака да биде дел од нашиот тим и е спремен за брза и динамична работа.