Сигурно и безбедно складирање на Вашите пратки!

Потребен Ви е дополнителен, безбеден магацински простор за Вашите пратки?


 
Нашиот современ магацински простор од 1200 м2 на ул.Благоја Стефковски бр.30, Скопје Ви обезбедува модерно, професионално, сигурно и безбедно складирање на Вашите пратки како и нивно сортирање.
 
Во тек сме со технологијата, користиме напреден систем за управување преку кој се управува со манипулацијата на пратките во магацините. Овој систем е поврзан со приемот на пратките, сместувањето, преместувањето, пикирањето и испораката на пратките. Со користењето на овој систем се зголемува ефикасноста и се елиминираат можностите за грешки, исто така бидејќи користиме централизиран систем кој работи на единствена база на добро структуирани логистички податоци се обезбедува зголемена ефикасност и побрзо време на извршување на операциите во магацинот.
 
Пратките кои се испорачуваат почесто од останатите по автоматизиран процес се групираат на локации што се блиску до излезот од магацинот со што се забрзува процесот на пикирање, пакување и испорака до клиентите.
Следењето на складираните пратки подразбира следење на доставувачот и времето кога се набавени, кој ги примил, на која локација во магацинот се сместени, колку време стојат на истата локација, кога се издадени и на кои купувачи. Магацинскиот простор е под постојан видео надзор со што заштитата на пратките на нашите клиенти е на највисоко ниво.
 
Дознајте повеќе за услугите и поволностите кои ги нудиме на следните телефонски броеви:
 
☎️02/15-200
☎️02/3125-553
📲📞071/204-787
📲📞072/239-001
📲📞072/239-002
 
Пост Експрес – Пошта за сите!