Новогодишните и божиќни празници се секогаш повод и причина да подариме, да му го разубавиме на некого денот и да предизвикаме насмевка.
Токму затоа 2017 година одлучивме да се погрижиме секое дете од СОС Детското село – Скопје да добие пакетче полно радост. Заедно во соработка со адвокатското друштво Константиновиќ-Милошевски дониравме новогодишни пакетчиња за милите дечиња од детското село. Навистина ни претставуваше задоволство, да бидеме мал дел од нивната новогодишна магија. Ова претставува само почеток на нашата понатамошна соработка.
Подарете и Вие, израдувајте некого и разубавете му го денот, а ние Ве уверуваме дека преку нас пратките и честитките ќе стигнат безбедно и навремено!