Сигурно сте ги слушнале изреките дека ниту дожд ниту снег можат да ги сопрат поштарите во извршувањето на својата работа, но тука треба да ја додадеме и пандемијата. За време на вонредна состојба поради коронавирусот, кога се останато е запрено, поштенските работници работат неуморно и се незапирливи. Поштарите низ целиот свет продолжуваат со својата работа, а ние треба да сфатиме дека љубезноста кон нив ќе не чини помалку од поштенска марка.
Поштарите – доставувачите имаат витална улога во време на пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19, која го потресе светот. Во ова предизвикувачко време нивната улога станува уште поголема, доставувајќи им секојдневни добра и лекови на нивните клиенти, помагајќи им за време на карантинот и самоизолацијата. Тие се работниците што во светот се сметаат за суштински за време на пандемијата на коронавирусот, одигрувајќи важна улога во помагањето на луѓето, деловните субјекти и заедниците, да останат поврзани за време на оваа невидена криза.
Поштенските работници, исто така, ја поддржуваат борбата против коронавирусот преку испорака и враќање на тестовите за коронавирус на вработените во болниците. Во Велика Британија, тие доставуваат писма и пакети, вклучувајќи лекарски рецепти и термини за прегледи, за помош на оние кои не се во можност да ги напуштат своите домови. Нивната посветеност во овие тешки околности е ценета насекаде во светот.
Заблагодарете им се на поштарите – доставувачите поради нивната клучна улога за време на коронавирус пандемијата!