Пост Експрес Македонија, пет години успешна приказна!

На 01.07.2020, Пост Експрес Македонија скромно го одбележува својот 5 годишен јубилеј.

Основани во 2015 година, со цел брза, навремена и едноставна достава на пратки на територијата на Македонија, ненаметливо и полека растевме и се развивавме.

Водејќи се од севкупниот ентузијазам, желба и амбициозноста на нашиот незаменлив тим, станавме успешна приказна секако благодарејќи и на соработките со реномирани компании. Компаниите во нас препознаа предвесник на ново време.

Прва пошта која при доставата на поштенски пратки користи еко електрични возила и скутери. Во моментов истата достава е на ниво на Скопје, но секако тежнемеме истото да се имплементира и водругите градови.

Пост Експрес располага со магацински простор од над 1.200м2, над 60 возила во својот возен парк кој непосредно го дополнивме со уште 9 нови возила. Броиме 15 пункта во кои оперативно работат над 100 вработени и соработници и истите се распространети низ Македонија за да ги опслужиме Вашите потреби.

За само 5 години, може да се пофалиме со доставени над 1.000.000 пратки.

Препознатливи сме како општествено одговорна компанија која се грижи за јавното здравје, и безбедноста на вработените.

Веруваме дека и во иднина ќе продолжиме со посветено градење на доверба и ќе создадеме услови за долги, долги години соработка.

Одговорно и посветено ќе продолжиме да ги реализираме сите наши стратешки цели, трендот на раст, зајакнување на позицијата на пазарот, формирање на нови партнерства, како и вложување во нови возила.