Пост Експрес Македонија континуирано работи и на развој на своето СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ!

Пост Експрес Македонија покрај инвестициите во еко достава на пратки континуирано работи и на развој на своето СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ!

Во овој дел користиме доста напредно софтверско решение кое содржи WEB АПЛИКАЦИЈА на која секој клиент поседува свое корисничко име и лозинка преку која врши импорт на пратки како и следење на нивниот статус на достава.

Во делот на импорт на пратки за прв пат на нашиот поштенски пазар имплементиравме автоматско поврзување на софтвер-клиент со нашата поштенска апликација преку користење на т.н. АПИ софтвер.

Автоматското поврзување овозможува двострана комуникација на софтверите и нивна синхронизација која ги минимизира чекорите и дава подобра и пореална слика за состојбата на поштенските пратки на клиентот.

Нашите курири се опремени со андроид уреди на кои е инсталирана поштенската android апликација за достава на пратки со која во живо на терен преку скенирање на бар кодот на пратката и промена на статусот на истата овозможуваат за нашите клиенти следење во живо на доставата на пратките.

Исто така овој начин на достава овозможува побрза и поефикасна комуникација со контролниот центар на нашата пошта каде опремена екипа од вработени контролори ја следат во живо доставата и вршат координација, контрола и насочување на истата се со цел брза и поквалитетна услуга за нашите клиенти.

Контактирајте не:
☎️02/15-200
☎️02/3125-553
📲📞071/204-787
📲📞072/239-001
📲📞072/239-002

Пост Експрес – Пошта за сите!
📬📦📨

Изберете сигурен партнер за достава!