Пост Експрес и Asics Macedonia навиваат за Fit2Run. Само напред!

Пост Експрес Македонија и Asics Macedonia навиваат за Fit2Run. Само напред!  Веруваме дека успехот во работата, доаѓа кога ќе се создаде посебна синергија со вистинските луѓе на вистинското место.

Дури и во исклучително тешки услови за работа, кога економската криза од пандемијата ја почувствувавме сите, исклучително сме горди што заедно со Asics Macedonia излеговме во пресрет и дадовме несебична поддршка на тимот на Fit2Run.

Тимот на Fit2Run, млади, искусни тренери, кои активно не одржуваа со бесплатните тренинг сесии, бесплатни часови по физичко за сите заинтересирани дечиња, Online функционални тренинзи и се организатори на првата виртуелна трка.

Препознавајќи ја нивната животна цел за подигнување на општата свест кај луѓето за огромното значење на спортот, физичката активност и трчањето, сметавме дека е вистински чекор да им понудиме максимална поддршка.

Ова е само еден од многуте проекти со кои ја докажавме нашата грижа за општеството, поставивме висок степен на општествена одговорност, бидејќи поддршката на секој член во заедницата е од големо значење.

Продолжуваме да градиме култура на општествена свесност, и остануваме активни да излеземе во пресрет на секоја нова идеја во која ќе препознаеме потреба за заедницата.