Пет клучни прашања во врска со користењето на поштенските услуги за време на коронавирусот

Поштенските услуги во овие услови на корона кризата, се толку значајни што нивната нефункционалност или прекин би имале ослабувачко влијание врз економската безбедност, како и врз јавното здравје и безбедност, па поради тоа повеќето земји во овие моменти се обидуваат да обезбедат континуирана испорака.

Поради заштита при користење на поштенските услуги се воведени посебни санитарни мерки.

Онлајн купувањето ескалира за време на коронавирусот, поради што предизвикува дополнително оптоварување на интернет мрежата.

Со затворањето на работни места и ставање во мирување на целиот деловен сектор поради COVID-19, владите ширум светот се обидуваат да задржат стабилност на трговијата и економијата. Иако живееме во дигитална ера, традиционалната достава е сe’ уште потребна, затоа поштенскиот сектор одеднаш се наоѓа на списокот на витални сектори.

Подолу дадени се одговори на пет клучни прашања во врска со можностите и ризиците од користење на поштенските услуги во време на коронавирусот кој се’ уште циркулира.

1. Дали се’ уште е можно да испраќате и примате пошта?
На повеќето земји приоритет им е одржување и обезбедување на навремени поштенски услуги за време на кризата, иако не со полн капацитет. Велика Британија, Германија, Австралија и САД во овие вонредни услови сметаат дека е неопходно нормално работење на поштата, за разлика од други земји чија цел е да ги заштитат поштенските работници и населението воопшто. Во Македонија, поштенските работници имаат витална улога во време на оваа криза. Како резултат на мерките за ограничување на движењето на луѓето, се јавува зголемена потреба од достава на храна, лекови и други намирници, па со оглед на сево ова доставувањето на пратки и производи се одвива непречено.

2. Дали коронавирусот се пренесува преку пратки од пошта?
Официјалните и релевантните извори наведуваат дека ризикот е многу мал. ‘‘Во принцип, заради слабиот опстанок на коронавирусот на површините, постои многу мал ризик од ширење при допир на производи или пратки што се испорачуваат во период од неколку дена’’, велат од Центрите за контрола на болести.
Светската здравствена организација доаѓа до истиот заклучок: „Веројатноста за заразено лице да го пренесе вирусот на предмети е многу мала и ризикот од заразување од пакет што е преместуван и изложен на различни услови и температури исто така е низок”.

3. Како се заштитуваат поштенските работници?
Земјите низ светот воведуваат посебни мерки за заштита на поштенските работници, кои вклучуваат посебен одмор за ранливите категории или за оние кои треба да се грижат за најблиските кои се во ранлива категорија или се заразени од вирусот, воспоставување на стандардни хигиенски процедури што вклучуваат миење на рацете, кивање и кашлање во лактот и социјално дистанцирање, носење на соодветна заштитна опрема (маски и ракавици), од страна на поштенските работници, како и дезинфекција на целата пошта, центрите за обработка и возилата за достава.

4. Како поштенските работници се справуваат со зголемувањето на онлајн купувањето?
Зголемувањето на купувањето од Интернет-продавниците, доведува и до зголемување на времето за испорака. Amazon Prime е принудена да го промени дводневното доставување, за доставување за еден месец на несуштинските производи. Поштенските работници во Велика Британија, ги повикале компаниите од електронската трговија да ги ограничат несуштинските артикли кои се бараат да ги достават. Амазон тврди дека веќе дава приоритет на испраќање на производи како храна и здравствена заштита.

5. Дали меѓународните испораки се погодени?
Поради затворањето на границите и нарушувањето на воздушните патишта ширум светот, испораката по пошта меѓу земјите неизбежно страда. Повеќето поштенски услуги предупредуваат на поголеми одложувања, а во многу случаи, кога нема авиони, испораката засега не е возможна. Распространетото затворање на аеродромите ги намали опциите за испраќање, иако испораката по земјен пат се’ уште е можна.