Денес разговараме со Мери Јовановска-Дешиќ, дипломиран психолог и раководител на секторот за човечки ресурси во Пост Експрес Македонија. Мери ќе ни каже како започна во Пост Експрес, како нејзиниот професионален профил се вклопи во оваа компанија и ќе ни сподели повеќе детали околу нејзината работа. Како што многумина знаат, Пост Експрес е компанија за брзи пратки каде примарен фокус се дава на беспрекорна логистика. Па така, ќе видиме како еден психолог допринесува за развојот на една од најбрзо растечките и веќе добро етаблирани пошти во државата.
Денешните пазарни предизвици често креираат динамични бизнис средини каде постојано се иновира. Па така, дали би можела да ни кажеш како е да се биде психолог во една брза пошта?
Мило ми е да одговорам на ова прашање бидејќи често ме навраќа на почетокот на мојот работен ангажман. Имено, повеќето компании настојуваат да работат со кадар кој многу тесно одговара на веќе застарените работни профили. Меѓутоа, Пост Експрес имаше визија да инвестира во секторот за човечки ресурси со тоа што ќе го прошири професионалниот тим, правејќи исчекор преку воведување на организациска психологија. Сето ова беше со цел да се воспостават цврсти кадровски процеси кои ќе водат кон постојан раст на компанијата, а со тоа и квалитетот на услугата. Можам да кажам дека голем дел од целите се веќе постигнати, но секогаш тежнееме кон внесување новини и подобрување.
Што се однесува до моето субјективно искуство, јас уживам во работата со луѓе, помагајќи им на вработените да растат и да се пронајдат во своите професионални улоги. Навистина е предизвик да се применуваат одредени процеси од мојот домен, во средина каде што акцентот е ставен на беспрекорна логистика, но научив дека секогаш постои можност за интегрирање на добри пракси онаму каде што се работи професионално и посветено.
Накратко, дали би можела да ни кажеш кои се твоите работни активности?
Имајќи ја предвид мојата образовна позадина, како дипломиран психолог, беше сосема природно да се вклопам во тимот за управување со човечки ресурси. Денес сум раководител на овој сектор, преземајќи ги сите обврски кои доаѓаат со улогата.
Во Пост Експрес посветена сум на регрутирање на нови кадри, нивно воведување во компанијата, како и тренинг на вработените од различни сектори. Воедно, активно соработувам и со управниот тим, изготвувајќи предлози за зајакнување на одредени процеси кои водат кон зголемено задоволство на вработените, како и подобрување на услугата.
Секако, одржувам и чести средби со вработените, преку разговори без формална структура за да им помогнам да ги надминеме предизвиците и да овозможиме стабилен професионален раст. Неодамна изготвив и воведов прашалници кои пратат одредени параметри кои се важни за зголемување на задоволството од работата, како и адекватно определување на улогите и задачите на вработените. Ние во Пост Експрес сакаме многу аналитички да им пристапуваме на сите аспекти од работењето.
Како дел од секторот за човечки ресурси, работам и на голем број административни процеси тесно поврзани со доменот на бизнис и администрација.
Дали на почетокот се гледаше себеси во компанија која примарно се бави со логистика?
Да бидам искрена, визијата за тоа како треба да се оформи мојата улога во Пост Експрес ми беше пренесена од страна на управниот тим. Тие ме поттикнаа да го проширам мојот професионален профил и ми ги одврзаа рацете давајќи ми слобода да воведам иновативни процеси кои до ден денес произлегуваат од мојата постојана соработка со нив.
Јас сум дипломиран психолог на универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а моментално работам и на завршување на мојата специјализација во правецот на гешталт психотерапија на школата Аспекти – Гешталт психотерапија и едукација “Младен Костиќ“ Скопје. Меѓутоа, денес навистина се чувствувам комфортно во едно корпоративно опкружување, каде сум во постојан контакт со различни сектори кои се бават со логистика, продажба, корисничка подршка и бизнис администрација.
Секако, она што највеќе сакам да го правам е да работам одблиску со луѓе. Во Пост Експрес оваа шанса ми е пружена и поради тоа уживам во работата. Наскоро ќе ја започнам и мојата приватна пракса, а верувам дека тоа ќе ми овозможи интегрирање на повеќе искуствата, создавајќи еден поширок професионален профил.
Моето знаење и труд секогаш ги вложувам кон соработка со вработените, бидејќи ние во Пост Експрес цврсто веруваме во тоа дека задоволни вработени водат кон задоволни корисници.