Киро Јанчевски – одговорен магационер: Со преселбата во новиот поголем објект ќе се созадат подобри услови за работа и ќе се овозможи подобра услуга за клиентите!

Преселбата на нашиот магацински простор во нови поголеми и посовремени простории ќе се случи за пет дена, односоно веќе од 01.05.2021 ќе може да не најдете на ул. “Миодраг Илиќ“ бр. 1Б во населбата Гази Баба.

Токму поради тоа денес нашиот одговорен магационер ќе не води низ работата во овој сектор, каде ќе не запознае со целиот процес на функционирање во нашиот главен магацин и ќе открие зошто се одлучивме за промена на локацијата.

Некои би рекле дека магацинот е срцето на добрата логистика. Можете ли да ни кажеш колкава е одговорноста да се биде првиот човек на магационерскиот оддел во една голема компанија како Пост Експрес?

Магацинскиот оддел во секоја компанија па и во Пост Експрес е срцето кое пулсира односно работи непрекинато во поголемиот дел од денот. Чест и задоволство ми е што го раководам тој оддел. Одговорноста е голема бидејќи се работи за неколку илјади пратки што секојдневно пулсираат во магацинот. За тој процес континуирано да се одвива без проблеми имам тим со проверени и искусни работници кои без проблеми ги извршуваат секојдневните задачи. За магацинскиот процес да се одвива непречено тука е и координацијата со другите оддели во Пост Експрес со кои сме во континуирана соработка.

Пост Експрес располага со огромен број на пратки кои транзитираат секојдневно. Какви процеси се во игра за навремено сортирање и распределба што всушност претставува основа за успешна дистрибуција?

Како што напомeнав Пост Експрес на дневно ниво обработува неколку илјади пратки. Согласно начинот на работа со пратките кои треба за 24 часа од прием да се испорачаат на коминтентите, во игра се неколку процеси за работа со истите. Курирската служба ги превзема, магацинот ги сортира ги распоредува и повторно курирската служба ги дистрибутира. Навидум лесно и едноставно, но тој процес бара добра соработка со сите бази што ги имаме во градовите низ Македонија и соработка со другите оддели во Пост Експрес.

Пост Експрес набрзо ќе се сели на нова локација која нуди значајно проширен магационерски простор. Колку сериозно му се пристапува на овој чекор и какви логистички организации се преземаат во вашиот оддел?

Наредниот месец, односно веќе од 01.05.2021, Пост Експрес се сели на нова локација. Сегашниот магацин започна да не ги задоволува условите на се поголемиот развој на компанијата и да се создадат подобри услови за работа и за подобра услуга на клиентите компанијата се сели во нови поголеми и посовремени објекти. Магацинскиот оддел е одговорен за комплетна преселба на инвентарот, материјалните добра кои со задоволство ги извршуваме, а процесот на секојдневните обврски да се одвива без проблеми. Со условите за работа во новите објекти, Пост Експрес ќе го задржи приматот за најдобра компанија за поштенски услуги во Македонија, а тоа значи што повеќе клиенти, нови и веќе постоечки да бидат задоволни од нашата работа.

Вие сте одговорен за многу колеги со кои секојдневно соработувате и на кои им давате насока. Како изгледаат предизвиците на таквата улога?

Во работата со магацинскиот оддел се соочувам со разни предизвици. Добрата соработка со колегите, создавање позитивна енергија, вреднување на сработеното, координација со другите оддели и несебичната помош од раководните лица прават магацинскиот оддел да си ги изврши своите обврски беспрекорно.

Ќе ни кажете ли како започнавте во Пост Експрес и како напредуваше Вашата кариера?

Вработен сум во Пост Експрес една година. Имам претходно работно искуство во неколку мултинационални компании, но работата во Пост Експрес како домашна компанија ми предизвикува посебна чест и задоволство и брзиот напредок се должеше на она што претпоставените го препозна во мене како добар лидер во својата област и како лојален и посветен на целата компанија, а тука во Пост Експрес тоа се вреднува најмногу.