Станува збор за вообичаена учтивост. Кога некој ќе Ви подари нешто, Вие треба да му се заблагодарите. Кога некој ќе Ви испрати нешто, му испраќате благодарница. Исто така, со тоа му потврдувате на испраќачот дека навистина сте го примиле пакетот.
– Бидете благодарни!
– Испратете ја навремено благодарницата – можеби во рок од една недела од приемот на подарокот!
– Дури и ако не Ви се допаѓа испратеното, некој одвоил време да го купи, спакува и да го достави до Вас!
Заблагодарете се’!