Емин Дестани управител: Пост Експрес нуди секому можност за растење и надоградување на професионално ниво!

Денес како дел од нашиот тим Ви го претставуваме Емин Дестани – управител на нашата компанија.

Најинтересниот и најмотивирачкиот момент во неговата приказна е можеби токму оној дел дека тој е еден од нашите први вработени започнувајќи да работи како доставувач, а потоа заедно со Пост Експрес и благодарение на неговата лојалност, труд и беспрекорна работа успева да расте заедно со нас и да ја достигне највисоката позиција во нашиот тим.

Какво е искуството да се биде одговорен за една голема компанија како Пост Експрес, особено кога истата се бави со логистика, интегрирајќи голем број на сектори кон усовршување на процесите, како и крајната услуга?

Многу интересно и динамично, во честа соработка со многу професионалци, со огромна можност за постојано себе-надоградување. Често постои прилика за решавање на предизвици, некои од кои сме ги имале претходно како и сосема нови со кои за прв пат се соочуваме. Пост Експрес е компанија која постојано расте, а сето ова нуди свој сет на предизвици.

Мојата позиција бара од мене и постојано рафинирање на меките лидерски вештини, како би се создала една пријатна работна атмосфера и би се поттикнале вработените да го достигнат својот потенцијал.

Како започна во Пост Експрес и дали можеш да ни кажеш нешто повеќе за твојот извондередн професионален раст?

Во 2015 година се пријавив на оглас и бев одбран како дел од првата екипа на доставувачи во компанијата, немав никакво искуство и допир со поштенската дејност но уште од приот момент истата предизвика сериозна мотивација од моја страна. Таа мотивација и желба за работа уште од самиот почеток беше следена од одговорините во компанијата, тие ми овозможија да растам како шеф на доставна служба, помошник на управителот и сега сум на највисоката функција, управител на фирмата. Благодарение на големата соработка со управниот тим, нивна помош да напредувам и со мојот труд успеавме заедно да растеме и да се претвориме во една успешно етаблирана компанија на пазарот. Секако имаме заедничак соработка со големи професионалци од сите сектори.

Вие сте еден од луѓето кои најдобро ја познаваат компанијата, по што Пост Експрес се разликува од другите и зашто е една од најбрзо растечките компании за логистика во државата?

Поради иновативни процеси во работењето, инвестирање во вработените, постојано подобрување на услугата и одличниот тим кој го создаваме и постојано го дополнуваме.

 Со што се бави еден управител на голема компанија за логистика и дали оваа позиција би можеле да ја препорачате на помладите? Што би ги советувале?

Генерални работни задачи, соработка со тимови, креирање на порцеси, будно набљудување на работата на секој сектор, како и често поставување на себеси во разни позиции низ компанијата за да бидам во постојан контакт со вработените и квалитетот на работата во секој сектор.

Многумина од младите денес не сакаат да започнат преземајќи помала работна улога на пазарот на труд. Меѓутоа, навистина е важно за секој управител да ги запознае деталите на компанијата за која што сака да работи, а воедно и за самата индустрија, со тоа што ќе биде во контакт со повеќе работни позиции. Пост Експрес е компанија која ја препозна оваа добра пракса и настојуваше кадрите на повеќето клучни позиции да бидат доделени на луѓе кои го имале својот професионален раст внатре во компанијата.