Електричен транспорт е нашата мисија

Електричните возила придонесуваат за подобрување на јавното здравје, заштита на животната средина, намалено загадување на воздухот и помала потрошувачка на енергија.

Станува јасно дека иднината е во електричните возила поради тоа што другите автомобили, комбиња и камиони испуштаат дополнителен јаглерод диоксид во нашата атмосфера, го намалуваат квалитетот на воздухот и создаваат повеќе бучава.

Еден од последните проекти на нашата компанија е спроведување на еко достава, со што Пост Експрес Македонија стана првата пошта која користи еко возила при вршење на поштенските услуги. Еко доставата се извршува со електрични возила и скутери. Во овој момент ваков тип на достава се спроведува на територија на градот Скопје, каде сметаме дека за почеток е нужно и ние како компанија час поскоро да помогнеме во намалување на загадувањето. Секако тука не застануваме. Пост Експрес Македонија е во процес на набавка на поголем број на електрични возила со кои во секој град од земјава ќе биде спроведувана достава со нулта емисија на штетни гасови. Согласно развојниот план, цел на компанијата е за период не подолг од една година сите возила, освен оние кои ги поврзуваат градовите да бидат заменети со електрични, кои се со нулта емисија на штетни гасови.

Постепено почнавме да воведуваме електричен транспорт при спроведувањето на поштенските услуги со цел поефикасна испорака на Вашите пратки и придонес за почиста околина, со оглед на тоа дека електричните возила ги гледаме како пат кон еколошка  безбедност.

Придобивки од еколошки возила
Возењето еколошко возило е одличен начин да му се помогне на човековото здравје и околината. Електричното возило ослободува помалку штетни хемикалии во воздухот, бидејќи испушта ниски јаглеродни соединенија.

Електричните возила се „еколошки“ со причина. Електричните автомобили не согоруваат гориво. Тие работат само на електрична енергија, што значи дека тие не пуштаат никакви штетни хемикалии во воздухот што го дишеме.

Со глобалното затоплување и порастот на здравствените проблеми поради хемикалиите што ги произведуваат автомобилите, важно е да се купи вистинското возило и да се подигне еколошката совест и одговорност. Оваа инвестиција е начин да се помогне на целокупното здравје и светот во кој живееме.