„Куририте се мравки – ништо не може да ги запре“: Во кризата со COVID-19, доставувачите се спасувачи на живот

Вухан, епицентарот на појавата на коронавирус во Кина, неколку недели беше во целосен карантин, но доставувачите на поштите, минувајќи низ празните улици на своите моторцикли и скутери беа во постојано движење.

За да се избегне пренесување на вирусот, на луѓето им беше наложено да останат дома и да го ограничуваат времето на отворено. Како резултат, кога им е потребна храна или други намирници, многу од нив се обраќаат кон доставувачите, кои се ставаат себеси во ризик на изложеност од вирусот, контактирајќи со десетици клиенти од кои некои се болни и справувајќи се со многу пакети за достава на ден.

Покрај тоа, болниците имаа голема полза од куририте при достава на медицински материјали.

Компаниите за испорака, поштите, се борат да ја продолжат свотаја мисија. На прес-конференцијата во февруари, директорот за трговија на провинцијата Хубеи, Чин Јун, истакна дека за еден ден компаниите за е-трговија добиле 22.000 нарачки во покраината и испорачале 1.337 тони неопходни работи. JD Logistics, една од најголемите курирски компании во земјата, вели дека тие бараат да ангажираат 20.000 курири и возачи за да помогнат во испораките за време на пандемијата.

Наградуваниот меѓународен фоторепортер, кој живее во Вухан, сними сцени на куририте во акција.

На прашањето како куририте успеваат да го следат својот исцрпувачки распоред – тие обично работат 8 до 12 часа на ден – тој вели: „Куририте се мравки. Ништо не може да ги запре“.

 

 

Прочитај повеќе