Доставувачите на Пост Експрес: Работата на терен е моторот кој го движи целиот логистички ланец!

Пост Експрес е компанија каде примарен фокус се дава на беспрекорна логистика, па поради тоа доставувачите се главните играчи на теренот за достава. Овие луѓе се грижат за брзата и навремена испорака до врата, а со тоа  допринесуваат во напредокот на компанијата, како и за задоволни клиенти.

Денес ќе Ви претставиме дел од тимот на доставувачи на пратки, каде одблиску ќе се запознаеме со нивната работа, нивните предизвици и одговорностите за време на достава.

За таа цел  зборуваме со Маријан Влајковац, Тони Тодевски и Мартин Каровски.

Вие сте едни од доставувачите во Пост Експрес, ќе можете ли да ни кажете колкав е предизвикот да се биде во првите редови на еден огромен логистички ланец?

Марјан Влајковац: Предизвикот да се биде дел од Пост Експрес е голем, расте се повеќе после секој успешен работен ден како резултат на задоволните клиенти – испраќачите, а најмногу од задоволните приматели на поштенски пратки пред се од навремената достава и љубезноста од нас доставувачите, а потоа и од самата пратка.

Вашата позиција вклучува внимателно планирање, безбеден транспорт и висока одговорност со пратките и финансиите. Како изгледа еден Ваш работен ден?

Мартин Каровски: Секој работен ден е специфичен сам по себе, но постојат одредени процеси кои се стандардни и без кои неможе да се отпочне ниту да се заврши работниот ден. Се започнува во магацинскиот простор на Пост Експрес каде во соработка со колегите од магацин ни се предаваат  и товарат претходно сортирани и селектирани пратките за достава. Следен сектор со кого остваруваме контакт пред теренската достава е финансискиот сектор. Негова задача е да не задолжи со телефонски и фискални апарати, како и пост терминали. Кога сето тоа ќе се заврши, започнува нашата “главна” улога, теренската достава на поштенски пратки. Динамиката на  доставата на пратките е системски следена преку мобилна апликација поврзна со софтверот кој компанијата го поседува за навремени информации во врска со доставата. Неминовна е и комуникацијата со контакт центарот на Пост Експрес во текот на работниот ден за успешена реализирана достава на поштенските пратки. Кога теренската работа ќе заврши повторно се упатуваме кон магацинскиот простор каде се врши раздолжување, најпрво во магацинот, а потоа и во финансискиот сектор.

Што највеќе Ви се допаѓа во оваа работа, дали можеби повеќе ја цените автономијата или пак целата таа динамика која е неминовен дел од обврските?

Тони Тодевски: Дефинитивно динамката која е составна, најбитна алка на оваа професија. Теренската достава секогаш бара добро испланиран распоред на достава, добро познавање на теренот, бара прилагодено однесување кон примачите на пратките бидејќи постојат различни карактери на луѓе и се трудиме секогаш задоволството да биде на нивна страна. Неминовно е да се напомене дека постојат и проблематични ситуации во теренската достава, но секако искуството дозволува лесно справување со таквите моменти и на крај секогаш клиентот да остане задоволен.

Колку време сте во Пост Експрес и што можете да ни кажете за напредокот на компанијата гледајќи го нејзиниот развој токму од првите редови?

Марјан Влаковац: Во Пост Експрес сум од самото постоење на компанјата односно од 2015-та година и во текот на овие години постоење компанијата несебично вложува за постојан развој на целокупниот процес на работа во секој сектор. Навраќајки се на самите почетоци на компанијата, каде единствена улога во одвивањето на секаков вид на активност беше човекиот фактор, денес целокупниот процес е софтверски поддржан и најголемиот дел од процесите се одвиваат токму преку него. Магацинот, финасискиот сектор, секторот за контрола на квалитет, контакт центарот како и доставувачите се само дел од корисниците на истиот софтвер, а со тоа ни се овозможува лесна координација и организација на целокупното работење на компанијата. Од неодамна се воведе и процес на смс и Вибер известување односно порака, каде се известуваат примателите на пратки за статусот и позицијата на пратката за процесот на доставата.

Мартин Каровски: Би се надоврзал на прашањето со потенцирање на вложувањето во возниот парк на Пост Експрес. Имено целта на компанијата е воведување на електрични возила и скутери, покрај веќе постоечките возила од овој вид, го надополнуваме возниот парк со повеќе еко возила од досегашните, како опшествено одговорна компанија, се со цел да поттикнеме и други компании да го следат нашиот пример. Дел од доставата во главниот град се одвива со електрични возила и морам да нагласам дека наидуваме на доста позитивни коментари од страна на околината и луѓето во неа.

Низ годините оваа професија навистина доживеа раст на побарувачката. Дали би рекле дека позицијата е привлечна за луѓе кои сакаат активен и исполнет работен ден и кој е Вашиот совет за подобро исполнување на обврските?

Тони Тодевски: Во денешно време се поголем замав зазема електронската трговија во светската економија. Сведоци сме на зголемениот обем на пратки во текот на пандемијава и пренасочување на многу компании кои ги нудат своите производи и услуги на преку интернет. Компаниите за поштенски услуги се посредници меѓу компаниите кои нудат и оние кои побаруваат одреден производ или услуга и сето тоа создава контуиниран пораст на побарувачката за ваквиот тип на професија. Совет за секој оној кои сака да се насочи кон ваквата професија е првенствено темелно совладување на процесот на работа, прилагодување на правилата кои ги наложува компанијата и добра организација на работниот ден, секако брзината е неминовен дел од оваа професија.