Доставувачите – луѓето кои никогаш не се откажуваат!

“Луѓето што не се откажуваат сме ние, луѓето како нас никогаш не се откажуваат“.

COVID – 19 пандемијата моментално пустоши во секој дел од светот, но сепак од многубројните снимки што ги преплавија социјалните мрежи, може да се види дека многу луѓе и пркосат на заразата со својот ведар дух и позитивна мисла.

Пример за ова е снимката на доставувачи / курири од Бергамо, еден од најтешко погодените градови во северна Италија од страна на COVID – 19.

Доставувачите опремени со заштитна опрема, маски и ракавици, го подигаат својот дух со песна, во која клучно значење имаат зборовите: “Луѓето што не се откажуваат сме ние, луѓето како нас никогаш не се откажуваат“.

Овие момци се херои на модерната денешница, не може да не го сакате нивниот дух и несебична храброст за доброто на својот народ и нивната голема нација.

Кога сето ова ќе заврши, да се потсетиме кој навистина направи разлика во овие тешки времиња на пандемијата што го зафати целиот свет.

Момците како нив, медицинските сестри, доктори и сите останати од првата борбаена линија против оваа пандемија се грижат за нас и општото добро додека сме ние сместени на безбедно во изолацијата на нашите домови.

Треба да останеме обединети затоа што ова е глобална епидемија, мора да застанеме сите заедно како една нација, без разлика на вера, боја, националност. Сите за еден, еден за сите!