Дали испораката со дронови е иднината на поштата?

Дроновите за испорака на сите видови добра добиваат огромна инвестиција од некои навистина големи играчи низ целиот свет.

Големи компании како што се Амазон, Валмарт, УПС, Гугл и други глобални поштенски компании инвестираат во проекти каде испораката ќе се врши со дрон, затоа прашање на време е можеби кога целата достава би се вршела на овој начин.

Можеби наскоро ќе дојде денот кога ќе погледнеме горе во небото и ќе видиме илјадници дронови кои доставуваат пошта, пакети, лекови и други медицински добра, пица и било која друга вид на пратка од мала и средна големина.

Покрај сите предности, сигурно ќе има многу технички предизвици што треба да се надминат. Исто така, се појавуваат и многу проблеми во врска со можно нарушување на приватноста. Можеби дроновите за испорака на пакети ќе бидат ограничени само за тешко достапни и далечни места.

Swiss Post, Швајцарската пошта е во првите редови за развој и распоредување на дронови за логистика. Тие транспортираат специјални пратки за здравствена заштита во различни региони на Швајцарија, во соработка со низа партнери. Во јули 2015 година, Swiss Post тестираше употреба на дронови (беспилотни летала) за испорака на пратки, како дел од заедничко вложување во кое беа вклучени и производителите на дронови Swiss WorldCargo и Matternet.

Нивната цел беше да се тестира специфичната употреба на технологијата на дроновите, а и да се тестира исплатливоста на логистичките беспилотни летала. Исто така, целта не беше само испорака на пратки и пакети по пошта, туку и испорака на материјали за итни случаи за помош или пратки со висок приоритет како што се лабораториски примероци. Во декември 2018 година, нивната цел стана реалност. Од 10-ти декември 2018 година, Швајцарската пошта испорачува лабораториски примероци со дронови во име на Универзитетската болница во Цирих, до кампусот во Ирхел на Универзитетот во Цирих.

Предвидено беше проектот да трае една година, а за тоа време Универзитетската болница во Цирих  Универзитетот во Цирих, Swiss Post и производителот на логистички системи за дронови Matternet да соберат искуство во долгорочно работење со автономно беспилотно летало. Лабораториските примероци можат да стигнат до својата дестинација двапати побрзо низ воздух отколку по патот во Цирих, а заштеденото време може да биде од непроценливо значење за пациентите, лекарите и другите здравствени работници. Беспилотното летало за испорака на пакети е водечка технолошка платформа во светот за испорака во урбани средини. Овозможува брза и многу предвидлива испорака на медицински предмети (примероци од крв, итн.) помеѓу болниците и здравствените установи. Истото може да достави предмети на барање на болниците и здравствените установи за помалку од 30 минути. Додека дронот во моментов се користи за испорака на медицински материјали, тој исто така може да се користи за испорака на сите видови пакети до 2,4 кг. Matternet исто така разви станица за беспилотни летала – дронови од која што можете да ги испраќате и примате своите пратки.

Swiss Post не се единствени кои обезбедуваат ваков вид на испорака. Amazon го создадоа Prime Air – систем за испорака дизајниран за безбедно доставување на пакети до клиентите за 30 минути или помалку со користење на беспилотни летала – дронови. Prime Air има голем потенцијал за подобрување на услугите што веќе ги обезбедуваат на милиони клиенти преку обезбедување брза испорака на пратки што исто така ќе ја зголеми целокупната безбедност и ефикасност на системот за транспорт.