Дали знаевте дека:

Едни од највредните Американски поштенски марки се сместени во Центарот за исполнување на поштенски марки во Канзас Сити кој се наоѓа во пештера под земја.
За центарот се смета дека е одлично место за чување на поштенски марки бидејќи е под земја во пештери стари околу 270 милиони години. Објектот има приближно 1.5 милиони квадратни метри подземен простор со кој раководат близу 1500 вработени. За да се пристигне во објектот кој се наоѓа 150 метри под земјата потребно е да се поминат 1.2 километри од влезот, температурата во просторот останува 22 целзиусови степени.
Постојат одредени области контролирани со влажност за одредени поштенски марки, но во најголем дел не трошат многу енергија , бидејќи условите во пештерата се многу пријатни.
Постојат поштенски марки во вредност од околу 400 – 600 милиони долари, во објектот во било кое време.
Во Центарот доаѓаат клиенти од целиот свет кои купуваат поштенски марки за своите колекции директно од пештерата.
Бидејќи некои од поштенските марки имаат голема вредност, постои висока безбедност и сигурност како во физичко така и во електронско присуство во и околу пештерата. Поради што некои го нарекуваат “Ft. Knox” за поштенски марки.