Дали знаевте дека:

Првата достава на пошта со авион се случила во Индија во 1911 година!

На 18 февруари 1911 година, францускиот пилот Анри Пеке (1888-1974) ја носел првата официјална пошта доставена со авион.

Пеке носел вреќа со околу 6.000 разгледници и писма.
Летот се случил во Индија и авионот летал пет милји, тргнувајќи од едно поле во Алахабад, преку реката Јамуна, до Наини.
Целата пошта добила специјален печат на кој се прикажани авион, планини и текстот „First Aerial Post, U.P. Exhibition Allahabad 1911”.

www.postexpress.mk