Дали знаевте дека:

Во Финска постои место каде Дедо Мраз ја прима својата пошта.
Главната пошта на Дедо Мраз е туристичка дестинација во селото на Дедо Мраз во Арктичкиот круг, околу 8 километри северно од Рованиеми. Тоа е единствената официјална пошта на Дедо Мраз и е дел од финските поштенски услуги. Отворена е преку целата година. Во 1985 година, оваа пошта примила над 17 милиони писма. Во 2014 година Дедо Мраз добил најмногу писма од Кина, Италија и Полска. Во Главната пошта на Дедо Мраз посетителите исто така можат да читаат писма испратени до него.
Објектот претставува туристичка атракција каде Дедо Мраз секоја година прима повеќе од половина милион писма од дечињата низ целиот свет.