Брзината и посветеноста се синоним за успешна пошта!

Трчањето е брзина и посветеност!

Брзината и посветеноста се синоним за успешна пошта!

Пост Експрес Македонија како општествено одговорна компанија се вложува максимално во подигнувањето на општата свест кај луѓето која се однесува на огромното значење на трчањето, како и на секој спорт и воопшто на секоја физичка активност.

Со спонзорирање на еден од култните спортисти во нашата држава Сашо Даневски, кој е исто така и креатор на тимот Fit2Run-Fitness Challenge, при Спортско рекреативниот клуб “Кондиционен тренер“, сакаме да го поттикнеме спортскиот дух и да понудиме безрезервна поддршка за спортот во нашата земја, дури и во овие исклучително тешки услови за работа.

За Пост Експрес Македонија ова спонзорство е едно од низата проекти со кои ја докажуваме нашата грижа за општеството од самото наше постоење.

Сашо Даневски ти посакуваме добро здравје и голем успех во иднина! Само Напред!

Од тимот на Пост Експрес Македонија!