Суштински услуги за време на оваа COVID-19 криза? Дали помисливте на локалната пошта? Кога ќе ги видите поштарите/доставувачите на улица, многумина не ја гледаат големата слика. Тоа е централна индустрија вредна трилион долари, со над 650.000 посветени професионалци кои собираат, спроведуваат и доставуваат дописи, пакети и најразлични добра и намирници.
Сите тие се први на борбениот фронт против оваа пандемија, како и многу други во нивните занимања. Вработените во поштата ризикуваат контакт со контаминирана пошта, им доставуваат пратки на болните клиенти кои не можат да ги напуштат своите домови.
Услугата постара од самата нација денес е исто толку важна, како и кога беше за прв пат создадена. Додека пандемијата COVID-19 предизвика затворање на голем дел од нацијата, поштенските служби се’ уште работат со полна пареа. Со оглед на тоа што милиони луѓе ширум светот се самоизолираа во доброволен карантин за превентивна заштита на себеси и своите најблиски, тие целосно се потпираат, давајќи им потполна доверба, на вработените во поштите при доставувањето на нивните онлајн нарачки, лекови и храна. Затоа е поважно од било кога граѓаните да се борат да ги заштитат поштите и да помогнат за нивно опстојување.
Иако во ова време на голема економска криза предизвикана од коронавирусот, за разлика од останатите, работните места на поштенските работници се сигурни бидејќи тие се повеќе од неопходни и се дел од првите борбени редови против пандемијата, сепак, несреќна реалност е што тие, како вработени во поштата, имаат контакт со многу луѓе и се едни од лицата кои што најмногу се изложени на ризик.
Замислете поштите да не работеа за време на оваа светска криза. Светот би бил во уште поголем хаос од веќе настанатиот. Луѓето во самоизолација не би имале никаков начин да стапат во контакт со надворешниот свет и да добијат можност, односно да најдат начин, да стигнат до основни намирници за нивна егзистенција.
Колкава е важноста на поштата во светот говори и фактот дека во моментов, американскиот претставник Џо Негусе, демократ од Колорадо, се обидува да добие поддршка од своите колеги за носење на Закон за заштита на поштите, со кој ќе се обезбедат 25 билиони американски долари – средства за итни случаи за да им помогне на поштите да ја преживеат оваа пандемија што уништи многу индустрии и бизниси низ светот.
Поштенскиот сектор е еден од ретките сектори што ја одржуваат економијата, која е нарушена на светско ниво од оваа пандемија, па поради тоа вредноста на поштенските услуги треба да биде вистински признаена во општеството, како и нејзината највредна компонента, поштенскиот работник, односно поштарот.
Мисијата на поштата е да и обезбеди на нацијата сигурна, достапна, универзална поштенска услуга.
Поштата е последниот бастион на земјата што би се затворил и обично првиот што ќе се отвори по било каква природна катастрофа или несакана последица од виша сила како што се ураганите, земјотресите, пожарите и пандемиите.