Билјана Јовановска Китановска и Надица Трајковска се дел од тимот на Пост Експрес со кои денес ќе се потрудиме повторно одблизу да Ве запознаеме со нашата компанија и нејзиното функционирање. Тие се дел од секторот за финансии кои се одговорни за исплатата на нашите клиенти и нејзино непречено функционирање.
Пост Експрес е единствената пошта во Македонија која работи на принципот 24/24, односно достава за 24 часа од прием на пратка и исплата за 24 часа од предавање на пратка. Ова значи дека во период до 24 часа добивате брза и безбедна достава на Вашите пратки и до 24 часа Вашите парични средства директно ги дбивате на Вашата сметка.
Билјана и Надица имаат огромна улога во делот на 24 часовната исплата.
Можете ли да ни кажете како е да се работи во финансискиот оддел во една компанија како Пост Експрес која примарно се темели врз една голема и силна логистичка структура?
Билјана: Брзо и динамично и секако оваа позиција бара и големо внимание и концентрација. Извршувањето на секојдневните обврски ни овозможува спознавање на нови проблеми и решенија. Задоволство е да се работи во Пост Експрес, а причините за тоа се тимскиот дух во компанијата, лојалноста на колегите кои секогаш се подготвени на заедничко решавање на било каква пречка во било кој дел од работата.
Пост Експрес неодамна воведе 24 часа достава и 24 часа исплата со што стана една од ретките пошти во целиот балкански регион што нуди вакви прикладни услови. Ќе можете ли да не воведете во значењето на овој процес?
Надица: Воведувањето на 24 часовната достава, а воедно и 24 часовната исплата, посебно во финансискиот дел, значи точна, брза и навремена испорака и исплата на финансиските средства, односно целокупна одлична услуа која ние им ја даваме на нашите клиенти и соработници. Во период до 24 часа добивате брза и безбедна достава на Вашите пратки и до 24 часа Вашите парични средства директно ги дбивате на Вашата сметка, односно достава за 24 часа од прием на пратка и исплата за 24 часа од предавање на пратка.
Со оглед на тоа дека го менаџирате дневниот тек на финансиите на една огромна логистичка организација, ќе можете ли да ни кажете нешто повеќе околу предизвиците со кои се соочувате?
Билјана: Се соочуваме со разни проблеми и предизвици кои тековно ги решаваме со помош на нашите колеги и помошта од нашите раководни лица. Исплаќањето на финансиите е најделикатен дел од една организација, каде мора секогаш да бидеш прецизен и внимателен, секако и брзината има своја улога, бидејќи задволниот клиент е нашата мисија. Затоа сме и први во земјава кои на своите клиенти им вршат исплаќање на нивните парични средства само во рок од 24 часа од доставата. Тоа се постигна благодарение на нашата внатрешна организација и добра структура на тимот. За сето ова е заслужна тимската работа во Пост Експрес.
Што би можеле да ни кажете за Вашиот професионален напредок низ годините во Пост Експрес?
Надица: За нашето повеќегодишно работење во Пост Експрес, во одделот благајна, сакаме да потенцираме дека сме презадоволни од напредокот и надоградувањето на нашето познавање во областа во која работиме и целокупната поштенска дејност. Оваа компанија нуди можност за заеднички раст, можност за надоградување и слободно можам да кажам дека тука се сослушува сечија идеја и секако се имплементира се што ќе внесе новина, иновативност и свежина во работниот процес, се со цел нашиот клиент да биде задоволен од целосната услуга на нашата пошта и нашиот тим.