Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:
Оглас бр.001 – “Доставувачи” – Реони: Штип, Кочани, Струмица и Тетово
Опис на работната позиција:
¤ Транспорт на роба од централен магацин до нашите клиенти
¤ Превоз на роба, превземање и доставување на пратки
¤ Навремено пристигнување на место за прием и достава на роба
¤ Почитување на законските правила од областа и безбедноста во сообраќајот
¤ Редовна безбедносна контрола на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот
¤ Внимавање да не дојде до оштетување при транспортот на робата
¤ Одговара за работата во рамките на своите овластувања
¤ При вршење на транспортот редовно комуницира и извршува други работи кои ќе му бидат доверени од страна на раководителот
Потребно образование, работно искуство и квалификации:
¤ Средно стручно образование
¤ Возачка дозвола Б категорија (предност имаат кандидатите со Ц категорија)
Ние нудиме:
¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
¤ Континуирана обука од страна на компанијата
¤ Одлична плата
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате. За подетални информации можете да не контактирате на телефонскиот број 076/360-005.
Ве очекуваме!
Ваш Пост Експрес!