Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “Менаџер за продажба”

Со цел проширување на тимот за продажба Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

Оглас бр.005 – “Менаџер за продажба” – Реон Скопје

 


 

Опис на работната позиција:

¤ Препорака и продажба на нашите поштенски услуги на компании и физички лица.

¤ Креирање и постојано развивање на стратегија за продажба.

¤ Контактирање и одржување на врски со нови и постоечки клиенти.

¤ Водење на телефонски преговори.

¤ Лична посета на потенцијални клиенти и презентирање на услугите кои ги нудиме преку PowerPoint презентација или со користење на MS Office пакетите.

¤ Припрема и испраќање на понуди.

¤ Склучување на договори.

¤ Примена на стандардите и процедурите за работа во нашата компанија.

¤ Грижа за имиџот на компанијата.

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование.

¤ Способност за продажба на производи и услуги.

¤ Упорност и решителност во постигнувањето на поставените цели.

¤ Флексибилност и отвореност за промени.

¤ Способност да ја користите Вашата иницијатива.

¤ Високо ниво на одговорност и концентрација.

¤ Одлична тимска соработка.

¤ Способност за темелна работа и внимание на детали.

¤ Одлична комуникациска способност.

¤ Возачка дозвола Б категорија.

¤ Познавање на Англиски јазик.

¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство во оваа дејност.

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим.

¤ Континуирана обука од страна на компанијата.

¤ Можност за одлична заработка со плата до 60.000 денари.

 


 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на aleksandar@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате. Во најбрз можен рок ќе бидете контактирани и информирани за сите потребни информации од страна на нашиот тим.

 

Ве очекуваме!

Ваш Пост Експрес!