Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме “Сметководител“!

Со цел проширување на тимот, Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ (со или без овластување/лиценца)

Потребни квалификации:

  • ССС/Високо образование-Економски факултет ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство на иста позиција;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office);
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Изготвување на завршни сметки ќе се смета за предност;

 

Одговорности и задачи:

  • Книжење на влезни и излезни фактури, банкарски изводи, периодични финансиски извештаи;
  • Подготовка на компензации, цесии;
  • Конфирмации на салда и сложување на аналитички картици со купувачи и добавувачи;
  • Доставување на излезни фактури и останата излезна документација до купувачи;
  • Следење на наплата на побарувања;
  • Подготовка на ДДВ пријави;
  • Комуникација со сите релевантни државни институции;

 

Способности и професионални вештини:

  • Одговорна, темелна, аналитична, посветена, одговорна и коминукативна личност;
  • Поседување на висок интегритет и лојалност;
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност;
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови;
  • Способност за тимска и индивидуална работа;
  • Систематичен пристап при работењето и ориентација кон детали;
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата;
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера;
  • Напредни планирачки и организациски способности;

 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на vrabotuvanje@postexpress.mk, со назнака на позицијата за којa аплицирате или јавете се на телефонскиот број 076/360-005.

 

Во најбрз можен рок ќе бидете контактирани и информирани за сите потребни информации од страна на нашиот тим.

 

Ве очекуваме!