Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “Помошник раководител на магацин”

Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

Оглас бр.004 – “Помошник раководител на магацин” – Реон Скопје

 


 

Опис на работната позиција:

¤ Организација при прием на роба во магацин

¤ Водење евиденција при прием на роба (контрола на квалитет и количини на примена роба)

¤ Правилно одржување и складирање на постоечката роба во магацин

¤ Организирање и подготовка на роба за достава

¤ Организирање на вршењето утовар и истовар на роба при прием и издавање во комуникација со другите колеги од логистика

¤ Вршење попис и издавање на роба со користење на службена документација

¤ Одржување и функционално користење на магацинскиот простор

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Добри вештини за координација и ориентација во простор

¤ Високо ниво на одговорност и концентрација

¤ Упорност, истрајност и совесност во работењето

¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство во логистика и магацинско работење

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата

¤ Можност за одлична заработка со почетна плата до 30.000 денари

 


 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005. Во најбрз можен рок ќе бидете контактирани и упатени со сите потребни информации од страна на нашиот тим.

 

Ве очекуваме!

Ваш Пост Експрес!