Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:
Оглас – “Доставувач” – Реон: СКОПЈЕ и ГОСТИВАР!
Опис на работната позиција:
¤ Транспорт на роба од централен магацин до нашите клиенти;
¤ Превоз на роба, превземање и доставување на пратки;
¤ Навремено пристигнување на место за прием и достава на роба;
¤ Почитување на законските правила од областа и безбедноста во сообраќајот;
¤ Редовна безбедносна контрола на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот;
¤ Внимавање да не дојде до оштетување при транспортот на робата;
¤ Одговара за работата во рамките на своите овластувања;
¤ При вршење на транспортот редовно комуницира и извршува други работи кои ќе му бидат доверени од страна на раководителот;
Потребно образование, работно искуство и квалификации:
¤ Средно стручно образование;
¤ Возачка дозвола Б категорија (предност имаат кандидатите со Ц категорија);
Ние нудиме:
¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
¤ Континуирана обука од страна на компанијата;
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата за која аплицирате.
Ве очекуваме!
Ваш Пост Експрес!