Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:
– “Помошник Магационер” – Реон Скопје
Опис на работната позиција:
¤ Прием на роба во магацин;
¤ Водење евиденција при прием на роба (контрола на квалитет и количини на примена роба);
¤ Правилно одржување и складирање на постоечката роба во магацин;
¤ Подготовка на роба за достава;
¤ Вршење утовар и истовар на роба при прием и издавање во комуникација со другите колеги од логистика;
¤ Вршење попис и издавање на роба со користење на службена документација;
¤ Одржување и функционално користење на магацинскиот простор;
Потребно образование, работно искуство и квалификации:
¤ Добри вештини за координација и ориентација во простор;
¤ Високо ниво на одговорност и концентрација;
¤ Упорност, истрајност и совесност во работењето;
¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство во логистика и магацинско работење;
Ние нудиме:
¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
¤ Континуирана обука од страна на компанијата;
¤ Почетна плата 20.000 денари во првиот месец, со можност за брз напредок и зголемување уште во првите три месеци;
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата за која аплицирате.
Ве очекуваме!
Ваш Пост Експрес!