Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “Доставувачи“ (реон Штип и Тетово) и “Администратор“ (реон Тетово)!

Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следните работни позиции:

“Доставувачи” и “Администратор” – Реон Тетово и Штип!

 


  • “Доставувачи” – Реон: Штип и Тетово!

 

Опис на работната позиција:

¤ Транспорт на роба од централен магацин до нашите клиенти;

¤ Превоз на роба, превземање и доставување на пратки;

¤ Навремено пристигнување на место за прием и достава на роба;

¤ Почитување на законските правила од областа и безбедноста во сообраќајот;

¤ Редовна безбедносна контрола на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот;

¤ Внимавање да не дојде до оштетување при транспортот на робата;

¤ Одговара за работата во рамките на своите овластувања;

¤ При вршење на транспортот редовно комуницира и извршува други работи кои ќе му бидат доверени од страна на раководителот;

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование;

¤ Возачка дозвола Б категорија (предност имаат кандидатите со Ц категорија);

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата;

¤ Дополнителни бонуси, со можност за брз напредок;

 


  • “Администратор” – Реон Тетово

 

Опис на работната позиција:

¤ Прием и издавање на пратки;

¤ Проверка на пратки;

¤ Комуникација со централна база;

¤ Комуникација со клиенти;

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование;

¤ Високо ниво на одговорност и концентрација;

¤ Упорност, истрајност и совесност во работењето;

¤ Познавање на англиски јазик;

¤ Познавање на MS Office апликациите и користење на интернет;

¤ Одлични комуникациски вештини;

¤ Способност за индивидуална и тимска работа;

¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство;

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата;

¤ Дополнителни бонуси, со можност за брз напредок;

 

 


Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата за која аплицирате.

 

Ве очекуваме!

Ваш Пост Експрес!