Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “Оператор во Контакт Центар” и “Дата Центар – Влез на пратки”!

Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

“Оператор во Контакт Центар” и “Дата центар – Влез на пратки” – Реон Скопје!

 


 

– “Оператор во Контакт Центар” – Реон Скопје!

Опис на работната позиција:

¤ Постојана комуникација со клиентите;

¤ Контактирање и насочување на клиентите за модалитетите на работа поврзани со нашите услуги;

¤ Ажурирање на информации од клиентите за понатамошна соработка;

¤ Примање на нарачки од клиентите и доделување нарачки на доставувачите;

¤ Ажурирање на документи од доставувачите и клиентите;

¤ Презентирање понуди за поштенските услуги на клиентите;

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование;

¤ Познавање на MS Office апликациите и користење на интернет;

¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство;

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата;

¤ Почетна плата 18.000 денари со дополнителни бонуси и можност за зголемување на плата;


 

– “Дата центар – Влез на пратки” – Реон Скопје

Опис на работната позиција:

¤ Преглед на пристигната тековна роба;

¤ Водење евиденција при прием на тековна роба;

¤ Евидентирање на сите влезни тековни пратки и писма во нашиот систем;

¤ Почеток на работно време 18:00 или 19:00 часот (скратено работно време – хонорарна работа);

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование;

¤ Високо ниво на одговорност и концентрација;

¤ Упорност, истрајност и совесност во работењето;

¤ Познавање на англиски јазик;

¤ Познавање на работа со компјутери;

¤ Способност за индивидуална и тимска работа;

¤ Способност за работа под притисок;

¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство;

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата;

¤ Плата – 9.000 денари (скратено работно време – хонорарна работа);

 


 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005.