Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:
– “Оператор во Контакт Центар” – Реон Скопје
Опис на работната позиција:
¤ Постојана комуникација со клиентите
¤ Контактирање и насочување на клиентите за модалитетите на работа поврзани со нашите услуги
¤ Ажурирање на информации од клиентите за понатамошна соработка
¤ Примање на нарачки од клиентите и доделување нарачки на доставувачите
¤ Ажурирање на документи од доставувачите и клиентите
¤ Презентирање понуди за поштенските услуги на клиентите
Потребно образование, работно искуство и квалификации:
¤ Средно стручно образование
¤ Познавање на MS Office апликациите и користење на интернет
¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство
Ние нудиме:
¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
¤ Континуирана обука од страна на компанијата
¤ Почетна плата 18.000 денари со дополнителни бонуси и можност за зголемување на плата
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005.