Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “Доставувач“ – Реон: Скопје!

Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

Оглас – “Доставувач” – Реон: Скопје

 


 

Опис на работната позиција:

¤ Транспорт на роба од централен магацин до нашите клиенти;

¤ Превоз на роба, превземање и доставување на пратки;

¤ Навремено пристигнување на место за прием и достава на роба;

¤ Почитување на законските правила од областа и безбедноста во сообраќајот;

¤ Редовна безбедносна контрола на возилото и известување за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот;

¤ Внимавање да не дојде до оштетување при транспортот на робата;

¤ Одговара за работата во рамките на своите овластувања;

¤ При вршење на транспортот редовно комуницира и извршува други работи кои ќе му бидат доверени од страна на раководителот;

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование;

¤ Возачка дозвола Б категорија (предност имаат кандидатите со Ц категорија);

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата;

¤ Почетна плата 18.000 денари со дополнителни бонуси;

 


 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005.

 

Ве очекуваме!

Ваш Пост Експрес!