Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:
– “Магационер” – Реон Скопје
Опис на работната позиција:
¤ Прием на роба во магацин
¤ Водење евиденција при прием на роба (контрола на квалитет и количини на примена роба)
¤ Правилно одржување и складирање на постоечката роба во магацин
¤ Подготовка на роба за достава
¤ Вршење утовар и истовар на роба при прием и издавање во комуникација со другите колеги од логистика
¤ Вршење попис и издавање на роба со користење на службена документација
¤ Одржување и функционално користење на магацинскиот простор
Потребно образование, работно искуство и квалификации:
¤ Добри вештини за координација и ориентација во простор
¤ Високо ниво на одговорност и концентрација
¤ Упорност, истрајност и совесност во работењето
¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство во логистика и магацинско работење
Ние нудиме:
¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
¤ Континуирана обука од страна на компанијата
¤ Почетна плата 23.000 денари со можност за брз напредок и зголемување уште во првите три месеци
Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005.
Ве очекуваме!
Ваш Пост Експрес!