Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР” – Реон: СКОПЈЕ

Со цел проширување на тимот, Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

ОГЛАС – “ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР” – РЕОН: СКОПЈЕ


 

Опис на работна позиција:

  • Припрема и обработка на слики (сечење на слики, бришење на позадина од слики, додавање на текст и слично);
  • Припрема и обработка на текстуални материјали за промоција;
  • Подготовка за печатење, комуникација со печатници, следење на процесот на изработка на материјалите;
  • Припрема на креативи за објавување на социјални медиуми (Facebook, Instagram и слично) и web страна;

 

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС;
  • Претходно работно искуство поврзано со описот на работата, но не е задолжително;
  • Познавање на пишан и говорен Англиски jазик;
  • Активна работа со Microsoft Office пакетот;
  • Одлично владеење на Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator, InDesign, CorelDraw;

 

Ваши дополнителни способности и професионални вештини:

  • Креативен пристап во исполнувањето на задачите;
  • Висок степен на одговорност и посветеност на работата;
  • Комуникативност, тимска работа, професионалност;
  • Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови;

 

Место каде се извршува работата:

  • Во работните простории на работодавачот;

 


 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате или контактирајте не на телефонскиот број 076/360-005.

 

Ве очекуваме!

Ваш Пост Експрес!