Дали знаевте дека:

Американската компанија Зиплајн врши достава на медицински продукти со дронови!

Зиплајн, компанија за роботика од американската Силициумска долина, за прв пат започнале со вршење на достава на медицински продукти со дронови. Од мај 2018 година, тие испорачале над 7.000 единици крв, а до октомври 2020 година, извршиле преку 70.000 медицински испораки низ Руанда и Гана.

Беспилотни летала на Зиплајн се мали електрични авиони со фиксно крило, што им овозможува да летаат брзо и на долги растојанија (до 180 километри кружно патување со едно полнење).

За време на испораката, дронот не слетува, туку се спушта на мала висина и го испушта пакетот на земјата на кој има падобран.

Во 2020 година, Зиплајн започнале со испораки помеѓу здравствените установи во Новант, Канаполис и Хантерсвил, Северна Каролина.

www.postexpress.mk