Складирање на пратки

МОДЕРЕН МАГАЦИН ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Нашиот современ магацински простор од 1200 м2 на ул.Благоја Стефковски бр.30, Скопје обезбедува модерно, професионално складирање на пратките и нивно сортирање. А наша продолжена рака се 12 пункта низ територијата на Република Македонија кој во овој момент дел е во фаза на надградба со нови три пункта во Гевгелија, Велес и Берово со што вкупната бројка на нашите пунктови ќе изнесува 15.

Во тек сме со технологијата, користиме напреден систем за управување преку кој се управува со манипулацијата на пратките во магацините. Овој систем е поврзан со приемот на пратките, сместувањето, преместувањето, пикирањето и испораката на пратките. Со користењето на овој систем се зголемува ефикасноста и се елиминираат можностите за грешки, исто така бидејќи користиме централизиран систем кој работи на единствена база на добро структуирани логистички податоци се обезбедува зголемена ефикасност и побрзо време на извршување на операциите во магацинот. 

Пратките кои се испорачуваат почесто од останатите по автоматизиран процес се групираат на локации што се блиску до излезот од магацинот со што се забрзува процесот на пикирање, пакување и испорака до клиентите.
Следењето на складираните пратки подразбира следење на доставувачот и времето кога се набавени, кој ги примил, на која локација во магацинот се сместени, колку време стојат на истата локација, кога се издадени и на кои купувачи. Магацинскиот простор е под постојан видео надзор со што заштитата на пратките на нашите клиенти е на највисоко ниво.