Бидете и Вие дел од нашиот успешен тим! Вработуваме – “Оператор во Call Center”

Со цел проширување на тимот за логистика Пост Експрес Македонија распишува оглас за следната работна позиција:

Оглас бр.003 – “Оператор во Call Center” – Реон Скопје

 


 

Опис на работната позиција:

¤ Постојана комуникација со клиентите

¤ Контактирање и насочување на клиентите за модалитетите на работа поврзани со нашите услуги

¤ Ажурирање на информации од клиентите за понатамошна соработка

¤ Примање на нарачки од клиентите и доделување нарачки на доставувачите

¤ Ажурирање на документи од доставувачите и клиентите

¤ Презентирање понуди за поштенските услуги на клиентите

 

Потребно образование, работно искуство и квалификации:

¤ Средно стручно образование

¤ Познавање на MS Office апликациите и користење на интернет

¤ Предност имаат апликантите со претходно работно искуство

 

Ние нудиме:

¤ Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;

¤ Континуирана обука од страна на компанијата

¤ Одлична плата

 


 

Доколку имате желба да бидете и Вие дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV (име и презиме на апликантот) на vrabotuvanje@postexpress.mk со назнака на позицијата или бројот на огласот за кој аплицирате.

 

Ве очекуваме!

Ваш Пост Експрес!